• 25/09/2020

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата

 Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата
loading...
Advertisement

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп – 1Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: • Скопје- 176• Дебар – 47• Куманово – 47• Штип- 15• Тетово – 8• Прилеп – 10• Струга – 7 • Велес – 6• Битола – 4• Охрид – 3• Кавадарци – 2• Гостивар – 1• Крива Паланка – 1• Струмица – 1• Гевгелија – 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.