Во изминатото деноноќие констатирани 60 прекршоци за неносење маски

Во изминатото деноноќие констатирани 60 прекршоци за неносење маски

Според статистичките податоци на МВР, во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 60 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-09, Кичево-25, Дебар-10). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 17 контроли врз угостителски и други објекти. -информира портпаролот на СВР Охрид М-р Стефан Димоски


Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds