Во Израел летаат ракети, Јувентус и Атлетико не сакаат да патуваат и ќе играат во Торино

Во Израел летаат ракети, Јувентус и Атлетико не сакаат да патуваат и ќе играат во Торино

Јувентус и Атлетико Мадрид соопштија дека нема да го одиграат пријателскиот натпревар во Тел Авив откако се вжешти ситуацијата во Израел.

Јувентус и Атлетико Мадрид требаше утре да ги одмерат силите во Тел Авив, но попладнево двата клуба соопштија дека натпреварот е откажан.

Клубовите се решија на еден ваков чекор откако се вжешти ситуацијата во Израел во последните 48 часа.

Израел најпрво ракетираше цели во Појасот Газа, за потоа од Појасот Газа да бидат испратени преку 100 ракети на територијата на Израел.

Како што пренесуваат медиумите, Јувентус и Атлетико Мадрид сега размислуваат да го одиграат натпреварот во Торино.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds