Во израелските напади во Газа загинаа 200 Палестинци, меѓу кои 59 деца

 Во израелските напади во Газа загинаа 200 Палестинци, меѓу кои 59 деца

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на Палестинци кои го загубија животот во израелските напади од 10 мај е зголемен на 200, меѓу нив 59 се деца и 35 жени, а бројот на ранети се зголеми на 1.307

КУДС (АА) – Во израелските напади на Појасот Газа загинаа 200 лица, меѓи кои 59 деца и 35 жени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Израел од 10 мај од воздух и со копно врши напади врз Појасот Газа. И покрај реакциите од светот, Израел продолжи со жестоките напади на Газа, со околу два милиони жители.

Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека бројот на Палестинци кои го загубија животот во израелските напади од 10 мај е зголемен на 200, меѓу нив 59 деца и 35 жени, а бројот на ранети се зголеми на 1.307.

Меѓу ранетите 46 лица se во критична состојба, а од вкупниот број на повредени во нападите 398 се деца.

Од друга страна, палестинските групи на отпорот во Газа продолжуваат со лансирање ракети како одговор на израелските напади.

Три деца полесно се повредени кога ракета истрелана од Газа во попладневните часови погоди станбена зграда во градот Ашдод, во јужниот дел на Израел.

Во лансираните ракети кон Израел починаа 10 лица.

x