• 20/09/2020

Во Јадранското море пронајдено телото на вториот пилот од урнатиот хеликоптер

 Во Јадранското море пронајдено телото на вториот пилот од урнатиот хеликоптер
loading...
Advertisement

Во Зларинскиот канал, во Јадранското море, пронајдено е и телото на вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров. Претходно, во текот на вчерашниот ден беше пронајдено едно тело, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето.

До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58 дојде за време на тренажен лет, кој почнал околу 10.30 часот. Хеликоптерот се урна половина час по полетувањето. Командантот на Хрватското воено воздухопловство Михаел Крижанец рече дека хеликоптерот летал на мала височина од непознати причини и се урнал.

Хрватска на крајот на 2016 година набави 16 хеликоптери Kiowa, донација од САД. Тие беа произведени од 2010 до 2012 година.