
Во јуни официјално ќе биде отворена единствената џамија со минаре во Словенија
Во јуни оваа година официјално ќе биде отворена џамијата во Љубљана, која е единствена џамија со минаре во Словенија, како и Исламскиот културен центар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камен-темелникот на џамијата беше поставен во 2013 година, а сега се завршени работите на оваа џамија што привлекува внимание со своето модерно минаре.
Оваа џамија е прва и единствена џамија во Љубљана, а нејзиното минаре е високо 40 метри. Надворешната страна на џамијата наликува на старите конаци во Босна и Херцеговина.
Генералниот секретар на Исламската верска заедница на Словенија, Невзет Пориќ, во изјава за Агенција Анадолија (АА) истакна дека џамијата е изградена на површина од околу 13.000 метри квадратни и дека завршена е изградбата на комплексот, а официјалното отворање ќе се реализира во јуни.
Пориќ информираше дена по околу 10 дена оваа џамија ќе биде пуштена во употреба.
„Сè е завршено. Значи џамијата можеме да ја пуштиме во употреба. Педесет години ја очекувавме оваа џамија и среќни сме што ја добивме“, рече Пориќ.
Првата иницијатива за изградба на џамија во Љубљана беше започната во 1969 година, но немаше некој резултат.
Исламската верска заедница на Словенија во 2008 година го купи земјиштето каде што е изградена џамијата, додека во 2013 година беше поставен камен-темелникот на оваа џамија.
Џамијата има капацитет од 1.400 лица, а нејзината изградба чинеше околу 34 милиони евра.
Оваа џамија е изградена со поддршка на Катар, а турската Фондација „Дијанет“ имаше голем придонес во нејзината изградба.