Во јуни Струга ќе биде домаќин на Саем за риби и риболов

Во јуни Струга ќе биде домаќин на Саем за риби и риболов

На 11 и 12 јуни годинава во Струга ќе се одржи првиот бизнис Саем на риби и риболовство. Со цел успешна организација денес во Општина струга се одржа состанок помеѓу градоначалникот Рамиз Мерко и организаторите на Саемот, претставниците на маркетинг агенцијата „Еуро Степ“ од Скопје.

На состанокот беше потпишан Меморандум за соработка и заедничка организација на бизнис саемот. Саемот ќе трае два дена во Струга.

  • Целта на настанот е промовирање и подобрување на бизнис и општествената средина на ниво на локалната власт и пошироко. Овој настан ќе придонесе за соработка и отворање на нови пазари, нови идеи и концепти и образование. Претставниците на национално и балканско ниво на земјите-членки на Европската унија се очекува да учествуваат во оваа манифестација, но посебно внимание се посветува на културниот и уметничкиот дел од манифестацијата, особено митот на локалните рибарски здруженија од западен Балкан, информираат од Општина Струга. 

Од таму посочија дека се надеваат дека во иднина  овој настан ќе стане традиција, која постојано ќе се ажурира и ќе придонесе за сите вклучени страни.

извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds