Во Кина вирусот како да не постои: Се одбележува празник, Кинескиот ѕид преполн

Во Кина вирусот како да не постои: Се одбележува празник, Кинескиот ѕид преполн

Илјадници кинески туристи ги заборавија препораките за социјално дистанцирање и ги посетија популарните туристички дестинации во земјата за да уживаат во празник за прв пат откако Кина ја „порази“ епидемијата на коронавирусот.

Неверојатните видео снимки прикажуваат илјадници туристи на планината Хуангшан кои не носат заштитни маски и практично се туркаат низ патеките. Слични сцени пристигнуваат и од другите познати туристички атракции со оглед на тоа што за викендот Кинезите го славеа Националниот ден.

Познато и како „Кинеската златна седмица“, осумдневниот празник започнува на 1-ви октомври и се одбележува основањето на Народна Република Кина во 1949-та година. Кинезите за овој празник обично излегуваат и шетаат низ земјата.

Од вторникот атракциите како Кинескиот ѕид и „Дизниленд“ во Шангај беа буквално преплавени со луѓе, а преполни беа и железничките станици и аеродромите.

Се проценува дека во текот на овој празник неверојатни 600 милиони луѓе патуваат, па поради тоа железницата активира дополнителни илјада возови.

Животот во Кина постепено се врати во нормала откако во јануари и февруари земјата беше тешко погодена од епидемијата на коронавирусот. Од почетокот на епидемијата во оваа земја се регистрирани нешто повеќе од 85 илјади заразени, а како последица на вирусот починаа 4,634 лица.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds