Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија

Косовската полиција соопшти дека вчера попладне спречила шверц на над 60 грла овци и телиња, за кои има информации дека се внесени преку илегални патишта од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на косовското МВР, во два одвоени случаи, во општина Витина, во близина на косовско-македонската граница, биле откриени камиони, обата со косовски таблички и управувани од косовски државјани, кои ја превезувале стоката за која не поседувале соодветна документација.

Во приколката на камионот фатен во селото Рамијан се пронајдени 57 грла овци, додека во приколката на камионот запрен на регионалниот пат меѓу Витина и месноста Пожоран имало шест телиња.

– Има сомневања дека животните се внесени во Република Косово преку илегални патишта од Република Северна Македонија. Случаите се во процес на истрага од страна на пограничната полиција, во соработка со соодветното обвинителство, инспекторите на Агенцијата за ветеринарство и храна и Царините на Косово, се вели во соопштението.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds