Во напад во Авганистан загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили

 Во напад во Авганистан загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили

Во реализиран вооружен напад од страна на милитантите на Талибан кои продреле меѓу безбедносните сили во провинцијата Забул во Авганистан, загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили.

Портпаролот на губернијата на Забул Ѓул Ислам Сијал соопшти дека 6 мина талибански милитанти кои продреле меѓу безбедносните сили реализирале вооружен напад врз полициската станица во провинцијата.

Сијал истакна дека во нападот безбедносните сили претрпеле тешки загуби и дека точната бројка за загинатите засега не е позната.

Претседателот на градскиот совет на Забул Ата Џан Хакбајан пак, истакна дека во вооружениот напад загинаа повеќе од 200 припадници на безбедносните сили.

Хакбајан нагласи дека напаѓачите го зеле оружјето во полициската станица и избегале од местото на нападот.

Од страна на Талибан не е објавено соопштение по ова прашање.