• 22/09/2020

Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати

 Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати
loading...
Advertisement

Бројот на загинати во воздушниот напад на Воената академија во либискиот главен град Триполи се зголеми на најмалку 30 лица, повеќето од нив студенти, соопштија здравствените власти.

Претходно беше соопштено за најмалку 16 загинати лица.

Портпаролот на Министерството за здравство во Триполи, Малек Марсет, изјави дека воздушните напади се случиле во населбата Хадаба, јужно од центарот на градот, каде судирите беснеат со месеци.

Марсет рече дека најмалку 33 лица се ранети и транспортирани во болници во градот.

Владата во Триполи за нападот ја обвини самопрогласената Либиска национална армија, чиј лидер е генералот Калифа Хифтер, кој во декември најави „конечна и одлучувачка“ борба за Триполи.