• 25/09/2020

Во недела зпочнува МојДДВ #МојаНаграда, награден фонд половина милион евра

 Во недела зпочнува МојДДВ #МојаНаграда, награден фонд половина милион евра
loading...
Advertisement

13 декември 2019, Скопје – За два дена започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која граѓаните имаат можност секојдневно да добијат една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Од 15 декември со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ и со прифаќање на условите на наградната игра, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на дневна, месечна награда или премија. На прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката за комуникации и маркетинг на Државната лотарија Камелија Левенска ги претставија текот и начинот на кој ќе се спроведува наградната игра.

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари – односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа од 4 по 1.000 денари, 3 по 2.000 денари и 3 по 3.000 денари. Понатаму секој месец ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари или вкупно за цело времетраење на играта 180 награди по 100.000 денари.Има и две главни премии од по 3.000.000 денари.

-Од 15-ти декември граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист, прво ќе имаат шанса да добијат една од 3.852 парични награди, во вкупен фонд од половина милион евра, второ ќе добиваат поврат на ДДВ и трето ќе придонесуваат во борбата против сивата економија, а кога губи сивата економија, сите добиваме. Ќе им порачам на сите граѓани да бараат фискални сметки, да скенираат, бидејќи секоја фискална сметка е важна – рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа посочи дека за да се учествува на наградната игра лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, како и да е корисник на апликацијата МојДДВ. На апликацијата ќе се појави известување за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда за да прифаќање на условите за учество. Откако ќе се прифатат условите, со секоја скенирана сметка лицето може да стане потенцијален добитник на една од десетте дневни награди, месечните или една од премииите.

Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат поучна порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

Директорката за комуникации на Државна Лотарија Левенска рече дека извелкувањњето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо од студиото каде се одвива Лото извлекувањето веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер.

-Со ова во тек на 13 емисии во тек на 2020 година ќе имаме можности за давање награди преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда. Месечните извлекувања на 15 награди од по 100.000 денари ќе се реализираат на почеток на секој месец по Лото емисиите, почнувајќи од првото извлекување на 4 јануари – рече Левенска.

Таа посочи дека за граѓаните ќе биде достапен и контакт центар на Државна лотарија, како и дека е отворена страната loto.mk/MojaNagrada каде граѓаните ќе можат да се информираат за наградната игра.

Министерката за финансии Ангеловска посочи дека и апликацијата МојДДВ е надградена со нови функционалности како пријава на нерегуларности, месечни извештаи во кои граѓаните ќе можат да се информираат за износот на остварениот поврат за секој месец, тримесечни извештаи во кои граѓаните ќе имаат увид за остварениот поврат за секој квартал, како и наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која корисниците можат да ги видат сите добиени сериски броеви за наградните кола, добиените награди и информации за наградната игра.