• 18/09/2020

Во Охрид ќе биде одбележан денот посветен на лицата со ретки болести

 Во Охрид ќе биде одбележан денот посветен на лицата со ретки болести
loading...
Advertisement

На 29-ти февруари на градскиот плоштад во Охрид ќе биде одбележан Светскиот ден посветен на лицата со ретки болести.

„Една наша обоена дланка е поддршка за пациентите со ретки болести низ целиот свет . Придружете ни се да се слушне нашиот глас! Ретки сме! Многу сме! Силни сме!
Да ги обоиме нашите дланки, за оние на кои навистина им треба нашата поддршка!


5 прсти на една дланка обоени со боите на ретките болести е за 5% од ретките болести за кои има лек! Една обоена дланка претставува поддршка за пациентите со ретки болести! Само за 5% од ретките болести има лек! А не има 300 000 000, колку поразително!. “ – велат организаторите. Истите повикуваат на масовно учество на настанот каде се повикани сите  училишта, поединци што сакаат да  се придружат.  На одбележувањето на светскиот ден посветен на лицата со ретки болести со песна ќе се подигне свеста за ретките болести.

Настанот ќе започне во 12:00 часот.

Извор:Strugaonline