• 22/09/2020

Во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб е срушен воен авион на режимот

 Во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб е срушен воен авион на режимот
loading...
Advertisement
  1. Насловна
  2.  Турција
  3.  Во операцијата Проле…

Во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб е срушен воен авион на режимот

03.03.2020 ~ 03.03.2020

Во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, е срушен воен авион на режимот на Бешар Асад.

Министерството за национална одбрана соопшти дека успешно продолжува операцијата Пролетен штит којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 27 февруари.

Во соопштението на министерството се вели следното: „Во рамките на операцијата е срушен еден воен авион на режимот од типот L-39.“

Инаку, ова е третиот срушен воен авион на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб од страна на Турција во рамките на операцијата Пролетен штит.  

„Операцијата Пролетен штит продолжи успешно во текот на ноќта. Во последните 24 часа се уништени; 1 авион, 1 беспилотно летало, 6 тенкови, 5 хаубици/повеќецевни ракетни фрлачи, 2 противвоздушно одбранбени ракетни системи, 3 оклопни борбени возила, 5 наоружани пикапи, 6 воени возила и 1 складиште за муниција, а се неутрализирани и 327 војници на режимот.“ – се подвлекува во соопштението на Министерството за национална одбрана.