• 19/09/2020

Во полициски час нарушен јавниот ред и мир во Охрид и струшко

 Во полициски час нарушен јавниот ред и мир во Охрид и струшко
loading...
Advertisement

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, три лица во Струга кои не ја почитувале забраната за движење, околу 21 часот, извршиле физички напад врз жител од струшкото село Мислешево. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • На 27.04.2020 година околу 16 часот, во струшкото село Октиси, е нарушен јавниот ред и мир со карање и физичка пресметка помеѓу две лица, при што се вклучило уште едно а потоа и малолетно лице, сите од истото село. Истиот ден, во 21.50 часот, на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, 40-годишен охриѓанец, кој поседувал дозвола за движење, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејства, информира Димоски.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 91 лице во изолација (Охрид-68, Струга-23). Од страна на полициски службеници извршени се 70 контроли врз лицата во изолација (Охрид-64, Струга-6).

Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 294 лица (Охрид-32, Струга-240, Кичево-5, Дебар-17). Врз овие лица, извршени се 135 контроли (Охрид-28, Струга-89, Кичево-5, Дебар-13). Полициските службеници извршија 77 контроли на угостителски и други објекти.