Во пораст бројот на социјално загрозени

Во пораст бројот на социјално загрозени

Расте бројот на социјално загрозени.

Првенствено пандемијата, а дополнително поскапувањето на цените на храната и електричната енергија придонесе да порасне бројот на граѓани кои се борат за основна егзистенција. Иако официјално и статистички забележан е раст на платите, зголемувањето на трошоците за живот е поголемо, па излегува дека платите всушност се намалени. Од Црвениот крст Струга велат секојдневно добиваат барања за помош во храна, облека и основни намирници. Најпогодени се многудетните семејства и самохраните родители.

-„Факт е дека има поскапување и тоа се осеќа во Црвениот крст. Порастот на цените и поскапувањето, станувањето на поскап животот се рефлектира кај социјалните случаеви. Тие се се почести во Црвениот крст и бараат помош“, вели Адуриме Даути секретар на Црвен крст Струга.

Хуманитарна помош од Црвениот крст добиваат и семејствата од Украина кои поради војната престојуваат во Струга.

-„Нивните потреби се задоволени од страна на Црвениот крст било тоа да е во средства за хигиена, храна , облека. Има случаеви кои немаат потреба и се изјаснуваат дека не се социјални случаеви дека можат да опстојат сами сега за сега“ , додава Даути.

Серијата поскапувања кои најмногу се должат на кризата во снабдувањето на основните производи поради пандемијата, но сега најмногу поради руско-украинската криза, веќе се чувствува во земјава, како и во регионот, но и глобално. Семејствата кои страдаат од сиромаштија добиваат социјална поддршка и од Центарот за социјални работи.

Директорот Мевмед Халили  вели дека и во нивната евиденција се бележи пораст на ранливите граѓани, кои бараат парична помош.

извор:ohridnet.com

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds