Во Радолишта нарушен јавниот ред и мир, Вевчани тепачка помеѓу двајца Стружани

Во Радолишта нарушен јавниот ред и мир, Вевчани тепачка помеѓу двајца Стружани

На 13.01.2020 во полициската станица Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со загрозување на сигурноста, случено во струшкото село Радолишта, извршено од М.Х.(43) врз Л.Х.(19). М.Х. е приведена и по целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.01.2020 година во 01.20 часот во Вевчани, нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу Ј.А.(21) и А.А.(20), двајцата од Струга. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, ќе им биде поднесена соодветна пријава.