Во САД погубена првата жена од 1953-та година

 Во САД погубена првата жена од 1953-та година

Таа е 11-тиот осуденик кој е погубен во тој затвор од јули, откако претседателот Доналд Трамп, кој ја поддржува смртната казна, ги продолжил сојузните погубување по 17-годишен прекин.

Жената од Канзас е погубена денеска поради убиство на трудница и екстракција на нејзиното бебе, што е прво погубување на една жена во речиси 70 години. 

Лиса Монтгомери (52) е прогласена за мртва во 1:31 часот по локално време утрово по добивање на смртоносна инекција во сојузниот затворски комплекс во Тер-Хоут во Индијана.

Таа е 11-тиот осуденик кој е погубен во тој затвор од јули, откако претседателот Доналд Трамп, кој ја поддржува смртната казна, ги продолжил сојузните погубување по 17-годишен прекин.

Нејзиниот адвокат Кели Хенри во соопштението рекол дека сите кои учествувале во нејзиното погубување треба да се засрамат.

“Владата во ниеден момент не се мислеше дали да ја убие оваа оштетена и болна жена. Погубувањето на Лиса Монтгомери е далеку од правда”, рекол адвокатот.

Таа е погубена по повеќечасовни правни преговори и откако Врховниот суд во САД го одобрил погубувањето.

Монтгомери ја убила 23-годишната Боби Џо Стинет во градот Скидмор во државата Мисури во 2004-та година. Таа со јаже ја задавила Стинет која била во 8-миот месец од бременоста и потоа со кујнски нож извршила екстракција на бебето. Го земала со себе и се обидела да го прикаже како свое.

Двете пресуди на апелационите судови кои одобриле сопирање на погубувањето на основа на веројатна ментална болест и неможност да сфати дека ќе биде погубена, се укинати.

Како единствена жена која била на ред за погубување во сојузниот затвор, Лиса Монтгомери била во затвор во Тексас и во понеделникот доведена во Тер-Хоут.

Монтгомери е прва од последните три сојузни затвореници кои се на програмата за погубување пред инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден на 20-ти јануари. Се очекува Бајден да ги спречи погубувањата на сојузно ниво.