Во Скопје се одржа протест за поддршка на Палестина и палестинскиот народ

 Во Скопје се одржа протест за поддршка на Палестина и палестинскиот народ

Граѓаните извикуваа различни пароли во знак на поддршка на Палестина, меѓу кои „„Израел терорист“, „Треба да се биде тивок кога децата спијат, а не кога умираат“, „По Сребреница рековте ‘никогаш повеќе’… Засрами се свету! Слободна Палестина!…“

Во знак на поддршка на Палестина и палестинскиот народ, а со цел осуда на израелските напади врз Газа, во Скопје се одржа протест во организација на неколку граѓански здруженија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Протестот се одржа на централниот градски плоштад „Македонија“, каде што присутните кои се собраа истакнаа дека „протестираат против нападите на Израел, додавајќи дека палестинскиот народ се соочува со етничко чистење од државата Израел“.

Собраните граѓани извикуваа различни пароли во знак на поддршка на Палестина, меѓу кои „Слобода за Палестина“, „Израел терорист“, „Алаху екбер“, „Реџеп Таип Ердоган“, „Слобода“, „Стоп за фашизмот, слобода за народот“, „Крај на опсадата“, „Треба да се биде тивок кога децата спијат, а не кога умираат“, „По Сребреница рековте ‘никогаш повеќе’… Засрами се свету! Слободна Палестина!…“

Исто така, демонстрантите носеа транспаренти со различни натписи, меѓу кои „Слобода за Палестина, бојкот за Израел“, „Стоп за пролевање на крвта во Палестина“, „Моето срце е со Палестина“, „Крај за окупацијата“, „Не можеме да дишеме од 1948 година“, „Против присилно иселување“, „Израел, целиот свет гледа“.

На протестот се собраа различни граѓански организации и граѓани од различни етнички заедници меѓу кои Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и други, кои носеа и национални знамиња, а дел од протестите беа и неколку граѓани на Палестина и Јордан.

Потсетуваме, Израел од 10 мај изведува жестоки напади на блокираниот Појас Газа. До сега во израелските напади на Појасот Газа животот го загубија 181 лице, меѓу нив 52 деца и 31 жена.

>
>