Во Словенија 24 лица се отруле со јаглерод моноксид, цел ден биле во соба без вентилација

 Во Словенија 24 лица се отруле со јаглерод моноксид, цел ден биле во соба без вентилација

Slovenija, Medvode, 21.10.2018, 21.oktober 2018 Policijski avtomobil varuje avtomobilsko nesreco na cesti. avto, poskodbe, neprilagojena hitrost, policija, kazen , promet, modre luci, policija, Foto:Srdjan Zivulovic /Bobo

Заради труење со јаглерод моноксид во местото Добрна, 24 лица се хоспитализирани, но никој од нив не е во животно загрозувачка состојба, објави денеска ТВ Словенија.

До труењето дошло во една зграда во тоа место во неделата околу 18 часот, а во нивната крв е пронајдена голема количина на јаглерод моноксид.

Пожарникарите брзо стигнале на лице место и евакуирале луѓе, од кои 12 имале јасни симптоми на труење и сите се префрлени во болница.

Портпаролката на тамошната полиција, Милена Трбулин рекла дека жителите цел ден го поминале во мала соба без вентилација, каде готвеле и пушеле.

Се смета дека системот за греење не е причина за труењето, а полицијата се уште го истражува целиот случај.