• 25/09/2020

Во Словенија регистриран голем пад на бројот на отворени работни места

 Во Словенија регистриран голем пад на бројот на отворени работни места
loading...
Advertisement

Дел од агенциите за вработување во Словенија објавија дека поради епидемијата на коронавирусот, забележале голем пад во побарувачката на работници и отворени работни места, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Кај некои агенции тој изнесува дури 80 отсто, а велат дека тоа не е забележано никогаш во нивната работа.

Генералниот директор на Заводот за вработување Митја Бобнар, изјави дека од почетокот на епидемијата побарувачката на работници е преполовена.

– Последниот период забележуваме благ раст само кај дејноста здравствена и социјална грижа, јавната управа и одбраната – потенцираше Бобнар.

Инаку, заводот пред една недела објави дека во април 14.000 лица во земјата остана без работа. Според нивните податоци во април како баратели на работа биле пријавени 88.648 лица, што е за 10.793 или 13.9 отсто повеќе во споредба со март.

На дел од отпуштените не им бил продолжен договорот за работа, дел биле прогласени за технолошки вишок, а останатите добија откази.