• 24/09/2020

Во сообраќајна незгода тешко повреден 71-годишен охриѓанец

 Во сообраќајна незгода тешко повреден 71-годишен охриѓанец
loading...
Advertisement

На крстосницата од Булеварот „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“, вчера, околу 10 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, товарно моторно возило „пежо партнер“ со охридски регистарски ознаки, и велосипед управуван од 71-годишен охриѓанец.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од СВР Охрид.

Извор:OhridNews