• 21/09/2020

Во сообраќајна незгода тешко повредена 45-годишна охриѓанка

 Во сообраќајна незгода тешко повредена 45-годишна охриѓанка
loading...
Advertisement

На пресекот на улицата „Македонски просветители“ со булевар „Туристичка“, на кружниот тек, вчера, во 16 часот се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице, информираат од МВР.

До сообраќајната незгода дошло кога патничко моторно возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32-годишен охриѓанец удрило во пешак, 45-годишна жена, од Охрид. Во незгодата, жената се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница “Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Охрид.