Во СОУ ,,Нико Нестор“ се одржа дисеминација на првата обука од Еразмус проектот ,,Знаење за иднината“

Во СОУ ,,Нико Нестор“ се одржа дисеминација на првата обука од Еразмус проектот ,,Знаење за иднината“

Во просториите на СОУ,,Нико Нестор” – Струга се одржа дисеминација на првата обука реализирана од Еразмус+ проектот “Knowledge for the future”, клучна акција 1, мобилност на наставен кадар во училишно образование на тема: Leadership, educational quality and innovation која се одржа во Гозо, Малта во периодот од 7-11 март 2022.

Бидејќи станува збор за обука на наставници во училишно образование, на обуката покрај наставниците од СОУ “Нико Нестор” – Струга беа поканети и присуствуваа наставници од училиштата: СОУ Гимназија “д-р. Ибрахим Темо” – Струга, ООУ “Јосип Броз Тито” – Струга и ООУ ,,Браќа Миладиновци”- Струга. Вкупно присуствуваа 36 наставници од четирите училишта. Дисеминацијата на стекнатите знаења и вештини ја вршеа наставниците учесници во проектот: Светлана Ѓуроска , Кети Јанкоска и Ндерим Положани.

На дисеминацијата преку Power Point презентација и промотивен материјал учесниците ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на обуката во Гозо, Малта. Исто така, наставниците учесници во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Гозо и Малта кои ги посетија за време на слободите активности и им ја доловија Малтешката традиција и култура на останатите наставници присутни на дисеминацијата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds