
Во Србија како на филм: Ја пушти чешмата да тече, па со запалка ја запали водата (ВИДЕО)
Шокантна глетка е забележана во селото Стајчево во близина на Зрењанин, Србија каде се гледа како гори вода, па граѓаните во тој регион се загрижени.
Имено на Твитер се појави снимка на која се гледа маж како ја пушта чешмата да тече, а потоа со запалка ја пали.
На изненадување на сите водата почнува да гори, односно се појавува пламен што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Коисниците на социјалните мрежи прашаа што се наоѓа во водата која ја пијат, а некои пак спомениваа плин, мета, арсен…
Патем, жителите на оваа област со години се борат со квалитетот на водата, иако забраната за употреба на вода за пиење од градскиот водовод беше укината во мај.
Stajićevo, selo udaljeno oko pet kilometara od Zrenjanina. pic.twitter.com/AqzgKXOrCv
— Ivan Živkov (@izivkov) October 5, 2020