Во Србија распишани претседателските избори

Во Србија распишани претседателските избори

Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, ги распиша изборите за претседател на Србија, кои во таа земја ќе се одржат на 3 април, заедно со вонредните парламентарни и локални избори.

Рокот за поднесување листи за парламентарните избори и кандидати за претседателските избори е до 12 март на полноќ.

Во согласност со Уставот и законите, претседателските избори се распишуваат 90 дена пред истекот на мандатот на претседателот, јави Радио телевизија на Србија.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds