Во Србија утринава регистрирани вкупно 55 заразени лица

Во Србија утринава регистрирани вкупно 55 заразени лица

Во Србија утринава се регистрани седум нови случаи на заразени со коранвирусот, со што вкупната бројка се зголеми на 55 заразени лица,соопштија од Министерството за здравство.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на вонредна прес конференција објави дека на „целата територија на Србија се прогласува вонредна состојба“, како мерка во борбата против коронавирусот или како што кажа Србија ја започнува „битка за постарите лица“

-Лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови, порача Вучиќ, најавувајќи дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува, бидејќи ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто – ќе се донесе обврзувачка одлука сите постари лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се во рурални области

Според српскиот претседтел, на сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација ќе им следи казна до три години затвор.

Извор:Алсат

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds