Во Србија за четири месеци изградена ковид болница со 1000 кревети

 Во Србија за четири месеци изградена ковид болница со 1000 кревети

Во Србија на 1. август почна да се гради ковид болница во Батајница во рамки на воениот комплекс „Земун економија“. Болницата е завршена за само четири месеци и денес ги прима првите пациенти.

Болницата ја градеа домашни изведувачи, компанијата „Термомонт“ со соработници, а инвеститор е Министерството за одбрана. Во изградбата беа вклучени 650 работници. Болницата од 18 илјада квадратни метри располага со 1000 кревети, од кои 250 на одделението за интензивна нега, со респиратори, кислород и современа опрема, како и породилна и ангио сала.

6_resize

Овој здравствен комплекс ќе помогне да се растерети здравствениот систем во земјата, ќе овозможи некои од болниците кои досега беаа наменети за лечење од ковид 19 да се вратат на вообичаениот ритам и лечење пациенти кои не се заразени со коронавирус. По завршување на пандемијата оваа мултифункционална болница брзо може да се прилагоди и да се користи за разни здравствени намени.

1_resize
4_resize
3_resize
>
>