Во Струга 161 активни случаи на коронавирус

 Во Струга 161 активни случаи на коронавирус

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини, на кои делува Центар за јавно здравје Охрид.

За период од 31 октомври до 06 ноември 2020 г.- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 275 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје- Од вкупно земените материјали, 132 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 143 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН- Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 318 лица и тоа кај 190 лица од општина Охрид, кај 89 лица од општина Струга и кај 39 лица од општина Дебар

.- Во овој период оздравени се 53 лица од Охрид, 24 лице од Струга и 23 лица од Дебар.- Во овој период починати се 9 лица од Охрид и 1 лица од општина Струга.- Активни случаи во Охрид се 357, во Струга 161, а во Дебар 63.Од почетокот на епидемијата до 06 ноември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2178 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 892 лица во општина Охрид и Дебрца, 911 лица во општина Струга и Вевчани и 375 лица во општина Дебар и Центар Жупа. -оздравени пациенти од Охрид се 491, од Струга се 672, а од Дебар и Центар Жупа се 283 пациенти-од општина Охрид и Дебарца има 32 починати пациенти, од општина Струга се починати 76, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица Дозволете да нагласиме дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.

loading…

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА

-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– БРОЈОТ НА КОНТАКТИ ДА СЕ СВЕДЕ НА МИНИМУМ