• 22/10/2020

Во Струга 6 нови случаи на ковид 19

 Во Струга 6 нови случаи на ковид 19
loading...
Advertisement

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 тестови, соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 85 пациенти.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје-56, Гостивар – 18, Куманово-16 и Тетово – 10.

Во Штип-8, Прилеп-7, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

loading…

Починати се седум лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.

English »