Во Струга денес гласаат 55 лица

Во Струга денес гласаат 55 лица

Во Охрид се пријавени 38 лица во саоизолација или заболени од корона вирусот, кои денес го остваруваат своето право на глас. 

-„Формирани се  два посебни одбори со медицински персонал кои одат кај лицата со решенија или заболени од корона вирусот. Дел од пријавените се од градот но има и од селата Велгошти, Рача,  Лескоец“, информира Климент Камнароски претседател на ОИК Охрид . 

loading…

Денеска гласаат и 55 лица во самоизолација  и заболени од корона во општина Струга. 

-„Започна гласање  утрово, тргна првиот конвој заедно со избирачките одбори и  лекари. Сега се подготвува вториот конвој. Од пријавените 12 лица се од градот Струга останатите се од струшките села“, изјави за Охриднет Бледар Зиба  претседател на ОИК Струга.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds