Во Струга денес велосипедски ден

Во Струга денес велосипедски ден

Велосипедски ден денес во Струга. Ова е само почеток на една стара традиција која ќе се повторува секој месец, велат организаторите.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.

Збирно место за сите љубители на на велосипедот и спортот е градскиот плоштад во Струга, во 17:00 часот.

Велосипедистите ќе возаат низ улици „Туристичка“, „Марки на Енгелс“, „Партизански“, „Кеј Борис Кидрич“ „15-ти Корпус“, „Владо Малески“, „Пролетерска бригада“, „Боро Хаџиески“ и др. Вкупната должина на патеката е 5 км, информираат организаторите.

Настанот е организиран од Critical Mass Struga, љубители на велосипеди и љубители на спортот, Civil Initiative, Struga Eagles, КАБ Струга, Rupicapra MTB Struga и Sportski Klub Solaris Struga

Инаку, Critical Mass е спонтана организација на велосипедисти, што се одржува со години во многу градови низ светот. Велосипедистите се среќаваат во последниот петок на секој месец. Групата прави долг круг по градските улици, славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.

извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds