Во Струга едвај обезбедиле ковалесцентна плазма за млад пациент со тешка клиничка слика

 Во Струга едвај обезбедиле ковалесцентна плазма за млад пациент со тешка клиничка слика

Интересот за дарување крвна плазма од пациенти кои прележале ковид 19 во Струга е многу мал. Само четворица се пријавиле да даруваат по апелите за спасување на животот на млад сограѓанин, од нив двајца биле компатибилни.

Цветанка Кочовска доктор во службата за Трансфузија во Струга информира дека по направената анализа за нивото на антитела во крвта, двајца од донаторите исполнувале услови, но едниот се откажал.

– Од шестмина пријавени, четворица во Струга и двајца во Охрид, се реализираше само едно дарување на ковалесцентна плазма. Интересот за дарување е многу мал. Сега стануваше збор за доста млад пациент заболен од ковид 19, со тешка клиничка слика и двата града се организиравме да обезбедиме плазма – изјави Кочовска.