Во Струга и Вевчани вакцинацијата ќе почне в петок

 Во Струга и Вевчани вакцинацијата ќе почне в петок

Вакцинацијата против Ковид-19 во Струга и Вевчани ќе отпочне в петок. Здравствените домови во двете општини добиле вакцини и се подготвени за отпочнување на имунизацијата кај населението со таргет на лицата над 77 години, информираат директорите на двете установи.

Директорот на Здравствениот дом во Струга, Андон Ложанкоски во изјава за МИА потврди дека вакцинацијата ќе се врши на еден пункт во установата во една смена.

– Добивме 400 дози вакцини од производителот „Астра Зенека“. В петок ќе отпочнеме со имунизацијата и
тогаш ќе видиме колкав е интеррсот. Приоритет во имунизацијата ќе лицата над 77 години, истакна Ложанкоски.

И Здравствениот дом „Др Светозар Чочоровски“, според директорот Јован Стојковски, имунизацијата ќе ја
отпочне на еден пункт во Вевчани, но согласно потребите и новите количини вакцини ќе отворат пунктови
во селата Велешта и Лабуништа.

– Интересот за вакцинација е солиден. Ќе почнеме в петок за кога се потполнети 20-те термини. Доколку
оди со предвиденото темпо до крајот на следната недела ќе ги потрошиме добиените 100 вакцини од „Астра Зенека“. Со зголемувањето на бројот на вакцини во нова пратка ќе отвориме пунктови во Велешта и во Лабуништа, изјави Стојковски за МИА.

>
>