Во Струга ќе се отвори Основно музичко училиште
На иницијатива поднесена од стручни лица од областа на музиката во Струга, вчера на Совет на Општина Струга едногласно е изгласано барањето за отворање на Основно музчко училиште во Струга. Оваа одлука е поддржана и од страна на градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко. Наредниот месец се очекува Министерството за образование да ја финализира процедурата. Според најавите, основното музичко училиште во Струга ќе започне со работа во учебната 2020/2021 година.
Со отварањето на основно музичко училиште, сите талентирани деца во оваа област ќе имаат можност соодветно да го започнат своето образование од рана возраст и комплетно да се посветат на музиката развивајќи го својот талент.
Извор: Strugaonline