
Во Струга се поставува модуларен Ковид центар
Имајќи го во предвид развојот на ситуацијата со Ковид 19 вирусот , во соработка со Министерството за Здравство, Општата болница во Струга ќе постави модуларен Ковид центар.
-Општина Струга е во тек со подготовките. Забрзано се работи на терен за да се исполнат сите услови за поставување на истата и да се прошират капацитетите.-информираат од Општина Струга.
Од таму апелритаат граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита од вирусот ковид 19.
Модуларната болница се очекува да биде готова до почетокот на месец декември.
Моментално во Струга има 364 активни случаи на ковид 19.