• 19/09/2020

Во светски рамки, како основнo оружје во оваа битка со опасниот вирус Ковид-19 се покажале масовното тестирање како и изолацијата-карантинот.

 Во светски рамки, како основнo оружје во оваа битка со опасниот вирус Ковид-19 се покажале масовното тестирање како и изолацијата-карантинот.
loading...
Advertisement

Затоа предлагаме:

1. Зголемување на бројот на тестирани граѓани, вложување на целиот државен капацитет за зголемување на можностите за тестирање на граѓаните, особено во населените места каде што има регистрирано случаеви на Ковид-19. Тестирањето, пробите за тестирање да бидат земени од мобилни тимови по преценка на здравствените работници.

2. Изолирање во карантин со уште построги мерки за контрола на секој заразен, соодветно лекување.

3. Секој кој ќе влезе во државата да биде тестиран и во карантин, согласно мерките кои важат и сега.

4. Контролни пунктови пред населените места, особено во оние населени места каде што нема регистрирани случаеви на Ковид-19. На пунктовите да се земаат проби за тестови на секој кој влегува во населеното место, да се врши анкета и да се собираат податоци за неговата состојба како и причините за патувањето и неговите евентуални контакти. Да се дезинфицира возилото, но и патниците во него, како и на секој да му се даде заштитна маска, ракавици и друга заштитна опрема.

Искрено сме растревожени од хаосот кој владее во реториката помеѓу политичките субјекти во Македонија. За наша огромна жал, и во овие тешки моменти, не успеавме како општество и држава да го впрегнеме целиот капацитет и знаење, со цел да се справиме со предизвикот пред нас. Многу малку слушаме конкретни предлози за справување со кризата, особено во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните. Имаме длабока убеденост дека економските интереси, како и економските последици од пандемијата, успеаја да го изместат фокусот од основниот приоритет во моментот, а тоа е здравјето на граѓаните.

Без здрави луѓе, кои ќе произведуваат и ќе бидат потрошувачи, невозможно е да ја санираме или воопшто да ја развиваме економијата.

Затоа ние од Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе останеме лојални на нашето разбирање дека сега не е моментот за политичко препукување, туку е момент во кој сите кои имаат конкретни идеи, знаење и капацитет, се должни да го впрегнат во оваа тешка битка.

Предлагаме радикални мерки за борба против Корона вирусот, со јасна цел како приоритет а имено здравјето на нашите сограѓани. Бидејќи сме мала земја овие предлог- мерки ќе може да се спроведат брзо и ефикасно и за не повеќе од месец дена ќе успееме да ја изолираме епидемијата, а здравите наши сограѓани во меѓувреме ќе можат да продолжат со работа.

Така ќе го заштитиме населението, но ќе ги намалиме и лошите реперкусии врз економијата.