• 23/09/2020

Во тек пријавувањето за најголемиот настан за креирање игри Global Game Jam

 Во тек пријавувањето за најголемиот настан за креирање игри Global Game Jam
loading...
Advertisement

Од 31-ви јануари до 2-ри февруари, во Охрид, Скопје и Битола, ќе се одржи годинешниот Global Game Jam, најголемиот интернационален настан за креирање на игри. Настанот се одржува истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Оваа година, настанот е дел од International Game Developers Association (IGDA) и неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка, едукација и експериментирање.

Во 2019 година на Global Game Jam се сретнаа 47.006 џемери, се одржа на 860 локации во 113 земји и беа создадени точно 9.010 игри.

  • Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници, па настанот се случува на три локации, односно во Скопје, Битола и Охрид, велат организаторите.

На Global Game Jam Macedonia досега учествувале 1800 учесници- професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери, кои заедно креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 179 видео игрa во прототип, од кои некои продолжиле да се развиваат во комерцијални продукти.

На настанот учествуваат професионалци и студенти од ИТ индустријата, девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми, високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата. Просечната возраст на учесниците е 25 години.

Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив е обезбеден непрекинат интернет пристап,  оброци, грицки, пијалоци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Се очекува да продефилира публика од над 5000 луѓе на отварањето, затварањето и во текот на целиот настан.

Повеќе информации за настанот на web страната: http://gamejam.mk

Линкови за регистрација за ОХРИД : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTB-fvewzNH8kNjkZ5tBm9Fi3FF_374R5ZpVeeAYBghqIrzg/viewform

Извор: OhridNews