Во текот на неделава сончево и студено време
Променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, е прогнозата на синоптичарите за денешниот ден. Во раните утрински часови локално провејувше слаб снег, а попладне ќе има сончеви периоди. Во Охридско Струшкиот регион минималната температура ќе биде -4, а максималната 1.
Утре, среда и четврток, се очекува сончево и студено време со слаб до умерен северозападен ветар.
Максималната температура во Охрид ќе биде од 2 до 6 степени, а минималната од -7 до -1.