Во тешка сообраќајна несреќа во Скопје загина 14-годишно момче

 Во тешка сообраќајна несреќа во Скопје загина 14-годишно момче

14 годишно момче (А.Р.) од скопската населба Миладиновци загина во сообраќајна несреќа која се случила денеска во населба Марино, Општина Илинден.

Телевизијата Сител повикувајќи се на неофицијални информации соопшти дека трагедијата се случила околу 13 часот.

Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле.

Засега нема официјална потврда од МВР. Наскоро повеќе информации.

x