
Во третиот квартал од годинава во Струга се родиле 159 новороденчиња
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.4 % и изнесува 5 374 живородени деца. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 2.2 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 701 лице, а од нив 14 се умрени доенчиња
Според податоците од Државниот завод за статистика, во третиот квартал од оваа година, Општина Струга има позитивен природен прираст.
Во овој период се евидентирани 159 новороденчиња, додека бројакта на починати лица изнесува 103. Природниот прираст е со индекс 56, што е поголем во споредба со вториот квартал.
Во аналзизираниот период, во Струга биле регистрирани 202 бракови, а имало 17 разводи.