• 30/09/2020

Во Валона запален луксузен автомобил на македонски државјанин

 Во Валона запален луксузен автомобил на македонски државјанин
loading...
Advertisement

Во раните утрински часови на паркинг пред хотел кај албанскиот приморски град Валона запален е луксузен автомобил, сопственост на македонски државјанин.

– Автомобилот „ауди“ е во сопственост на жител од Кичево, кој живеел и работел во Германија. Тој пред четири дена прстигнал на одмор во Валона, наведуваат албанските медуми.

Полицијата информираше дека автомобилот „Ауди-А8“, производство 2019 година, бил запален во 5:18 часот.

– Според првичните сознанија од увидот автомобилот бил намерно запален откако бил полиен со безнин, од се уште непознати мотиви. Истрагата е во тек, стои во полициското соопштение.

Кичевецот за албанските медиуми изјави дека немал недоразбирања со никого и оти во Валона прстигнал на годишен одмор.

-Јас сум од Македонија, од Кичево, живеам во Германија, дојдовме заради одмор и еве што ни се случи. Автомобилот целосно е изгорен. Не се сомневам во никого, немам недоразбирања со никого. Полицијата истражува, бебедносните камери го имаат снимено настанот, изјави оштетениот, видно вознемирен.