Во викендичката на „Веља Невоља“ се најдени бункери полни со оружје, таму ги убивале жртвите

 Во викендичката на „Веља Невоља“ се најдени бункери полни со оружје, таму ги убивале жртвите

Викендичката во Ритопек, за која што се сомнева дека му служела на тимот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за тортура и брутални убиства, повторно е опколена од белградската полиција.

Според неофицијални информации на неделникот НИН, истражителите пронашле скриени подземни простории со оружје и експлозив.

Беливук, попознат како Веља Невоља, пред неколку години со својот тим ја презеде власта на југот на Партизан. Многу други навивачи на Партизан тогаш ја напуштија јужната трибина затоа што мислеа дека Беливук ги користи „Гробарите“ само како параван за криминални работи. Екипата на Веља Невоља е осомничена за убиство, киднапирање и трговија со дрога. Тие се поврзани со бројни исчезнувања во Србија во последните неколку години.

Околу куќата има припадници на полицијата.

Истражителите се сомневаат дека во тие простории најверојатно биле вршени ликвидациите, пишува Курир.

Специјалните единици започнале вечерва со собирање докази, а се претпоставува дека новите материјални траги и информации се добиени врз основа на податоците од шифрираните телефони, но и сведочењата на членовите на групата кои решиле да соработуваат со обвинителството и полицијата.

Според репортерот на Курир од местото на настанот, колона оклопни автомобили придружувани од полицијата пристигнале во куќата во Ритопек. Припадниците на жандармеријата и полицијата се исто така околу викендичката.

>
>