Во живо: Вулканска ерупција на Исланд

 Во живо: Вулканска ерупција на Исланд

Веќе петти ден продолжува активноста на вулканот Фаградалсфјатл на Исланд.

Се работи за вулкан во долината Гелдингадалур оддалечен околу 40 километри од главниот грaд Рејкјавик. Ерупцијата почна на 19 март и сѐ уште активно исфрла лава. Се работи за вулканско поле со повеќе кратери.

Првата ерупција на 19-ти почна во 21:40 часот по локално време кога беше исфрлена лава во височина од 600-700 метри покривајќи ја околината до 1 километар квадратен.

Областа е ненаселена, па ерупцијата не претставува опасност по Исланѓаните, но има опасност за загадување со сулфур диоксид.

Пренос од ерупцијата може да се следи преку стримот на Daily Iceland каналот на YouTibe:

>
>