
Водата од градскиот водовод е чиста и може да се користи за пиење
ЈП ,,Водовод и канализација“-Струга информира дека од резултатите од анализата на водата, потврдено е дека водата е чиста и може да се употребува за пиење.
Оваа информација доаѓа откако претпријатието на 24-ти септември извести дека поради претходно настанат дефект водата е загадена , па истата беше забранета за пиење и одружување лична хигиена, се’ до денеска.