Водата од градскиот водовод во Струга забранета за пиење

 Водата од градскиот водовод во Струга забранета за пиење

Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“.

Загадувањето, како што е наведено во информацијата, настанало поради дефект во водоводната мрежа.

– Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот, посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга.

Екипите на претпријатието, според соопштението, работат со голем интенситет, водата ја хлорираат и пуштени се хидрантите за чистење. 

>
>