Водата во Струга исправна за пиење

 Водата во Струга исправна за пиење

Водата од струшкиот водовод може да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид по денешните анализи од повеќе мерни места.

Според испитаните физички хемиски и бактериолошки параметри, како што потврди за МИА Центарот за јавно здравје – Охрид, водата во Струга одговара на правилникот за безбедност за вода и е здравствено исправна за користење.

Од градскиот водовод во Струга речиси две недели течеше заматена вода, поради обилните врнежи на дожд што го зафатија регионот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација” апелираше да не се користи за пиење, изразувајќи благодарност до населението за разбирањето.

>
>