Водовод Струга го одбележува Денот на водите

 Водовод Струга го одбележува Денот на водите

ЈП „Водовод и канализација“  Струга  се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 22 Март Светскиот ден на водите.

 Светскиот ден на водата, се одбележув  на 22 март од  1993 година, секоја година Обединетите нации се фокусираат на набљудувањето на важноста на слатките води. За жал, денес, милијарди луѓе живеат без питка вода

Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.

 Одбележувањето на Светскиот ден на водата има за цел да ја зголемува свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода. Станува збор за преземање акција за решавање на глобалната криза со вода. Основен фокус на Светскиот ден на водата е да го поддржи достигнувањето за одржлив развој: вода и санитација за сите до 2030 година.

Секоја година, ООН-Вода – координативен механизам на ООН за вода и санитација – ја поставува темата за Светскиот ден на водата. Во 2020 година фокусот е на климатските промени, во 2021 година фокусот е ставен на  вреднување на водата.

Кампањата покажува како нашата употреба на вода ќе помогне во намалувањето на поплавите, сушите, недостигот и загадувањето и ќе помогне во борбата против самите климатски промени, но и рационално користење на водата.

Прилагодувајќи се на ефектите на водата од климатските промени, ние ќе го заштитиме здравјето и ќе спасиме животи, а со користење на водата поефикасно, ние ќе ги намалиме стакленичките гасови.

Според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе.

Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни и ппоодговорни!

ЈП Водовод и канализација Струга изминатиот месец започна кампања под мотото „Водата е живот“. За таа намена беа изработени пповеќе спотови за подигнување на свеста кај населението за одговорно и рационално користење на водата.

– „Се соочуваме со голем број на предизвици во однос на водоснабдуваето , но неуморно работиме да обезбедиме непречен пристап на безбедна вода за пиење на сите граѓани. Мојот апел на овој ден е рационално и одговорно да ја користиме водата“, вели Дашмир Насуфи директор на ЈП Водовод и канализација Струга. 

Водата е живот!

 Човекот без вода може да издржи пет до седум дена.

 Иако територијата на планетата Земја е 70% покриена со вода, од таа вода може да се пие само еден процент.

Сите животни и растенија се состојат од вода: риби од 75% вода, медузи од 99%, компирот од 76%, доматот од 90%, краставици од 95%, телото на штотуку роденото бебе од 75%, а 60% вода во телото на возрасниот човек.

  Резервите на слатка вода на нашата планета не се рамномерно распоредени. Азија ги има најмногу, а Австралија најмалку.

 Да бидеме одговорни!

ВИДЕО:

>
>