Вокер: Не играме против Мбапе, туку против Франција

Вокер: Не играме против Мбапе, туку против Франција

Репрезентативецот на Англија, Кај Вокер, говорејќи околу претстојниот четвртфинален дуел на Светското првенство против Франција, рече дека Килијан Мбапе веројатно е еден од најдобрите фудбалери во светот, но истакна оти неговиот тим не смее да ги потцени другите француски репрезентативци.

„Знам што треба да направам – да го спречам. Но, не игра Англија против Мбапе. Англија игра против Франција“, рече Вокер на прес-конференција во Доха.

„Во ред, тој е оружје кое го имаат во својот арсенал, но има и други добри играчи кои не смее да ги потцениме, играчи кои освојувале големи титули“, додаде Вокер.

Дуелот од четвртфиналето меѓу Англија и Франција е на програмата в сабота од 20 часот.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy