• 22/09/2020

Вонреден состанок на СЗО! Корона вирусот се појави во Финска и на Филипините

 Вонреден состанок на СЗО! Корона вирусот се појави во Финска и на Филипините
loading...
Advertisement

Одборот за вонредни состојби на Светската здравствена организација денеска свика вонреден состанок откако доби информација дека позитивни случаи на смртоносниот корона вирус се регистрирани во Финска и на Филипините.

Како што се наведува во соопштението од СЗО, Одборот ќе го советува првиот човек на организацијата дали епидемијата претставува вонредна здравствена закана на меѓународно ниво и кои дополнителни мерки би требало да се преземат.

Досега од последиците на корона вирусот починаа 170 лица, а заразени се околу 8.000. Во Финска и на Филипините забележени се првите случаи на заболени. Во Финска станува збор за 32 годишна жена од Кина, која минатата недела го напуштила кинескиот град Вухан, каде што за првпат се појави болеста. Жената е веќе сместена во болницата во градот Рованиеми.

На Филипините пациент е 38 годишна Кинезинка која исто така допатувала од градот Вухан.